06/12/2022

Масовна средба во Велес по повод 4 декември – Осврт

На 6 декември 2022 година, во хотелот „Гарденија“ во Велес се одржа масовна средба на „Мобилност Велес“, со поддршка од „Мобилност Македонија“. Тимот на „Мобилност Велес“ многу добро ја заврши работата од сите аспекти – организација, посетеност, квалитет на изведбата, доделување на признанија и завршен ручек. Хорот на почетокот беше освежување и оригинален пристап. Во однос на содржини, избран е правиот пат, со многу добро одбрана тема на завршени и проекти во тек, после десетгодишно повторување дека работата на проекти е императив, особено со користење на фондовите на Европската Унија. Со ваквиот пристап на практични материјални резултати со насоки и изработен водич, „Мобилност Велес“, со успешната максимална поддршка од општината и пошироко, успеа да даде импулсивен пример на другите здруженија како да постапуваат за постигнување на целите. Употребата, односно ангажманот на проверени професионалци и експерти од овој домен неспорно ги орбитира на високо ниво на респективен партнер кој испорачува резултати. „Мобилност Битола“ изодува сличен пат во други услови, но испорачува резултати. Сите овие напори со време ќе бидат солидна основа за сѐ поголеми резултати. Во нашите статутарни и програмски цели, неспорно ќе се впишат и нови патишта и начини со нови пристапи, ангажмани и неспорен просперитет. Да продолжиме вака и резултатите нема да изостанат.