12/01/2023

Прослава на Стара Нова Година - Василица 2023

По пауза од две години, „Мобилност Битола“ повторно организираше прослава по повод Стара Нова Година или Василица, која се одржа на 12 јануари 2023, во просториите на здружението. На прославата што започна во 17.00 часот се собраа триесетина членови и традиционално го завртија парето. Овој пат најсреќна беше нашата членка Менка Ристевска, на која и посакуваме среќна и бериќетна година, многу здравје и успех. Доброто расположение траеше до вечерните часови, докажувајќи дека ваквите дружења ни недостасуваа на сите, и се надеваме дека годинава ќе имаме уште многу поводи за дружење. Активностите продолжуваат.