07/10/2023

„Мобилност Битола“ на квиз на „Мобилност Македонија“

После успешно спроведените квалификациони натпревари, со екипата во состав – Билјана Тодоровска, Митко Фидановски и Нико Јанков, „Мобилност Битола“ настапи на квиз-натпреварот на „Мобилност Македонија“, кој се одржа на 7 и 8 октомври 2023 година во хотелот „Галеб“ во Струга. Попладнето екипата на „Мобилност Битола“ ја преброди првата бариера – четврт-финалето – и се пласираше во полуфинале. Следниот ден, во полуфиналните натпревари со добар пласман се избори за финале. Тука, после мали неизвесности, малку недостасуваше за освојување на третото место. Овој пласман го сметаме за добар успех, особено ако се земе предвид дека претходните четири години нашата екипа испаѓаше од трката. Се надеваме дека од идната година екипата што ќе ја претставува „Мобилност Битола“ ќе го задржи или потврди и повисоко овој тренд на успешност. Инаку, одличната организација и високите технички перформански во организацијата на „Мобилност Македонија“ се за секоја пофалба. Овие манифестации во организација на „Мобилност Македонија“, како и оние кои ги поддржува, се за секоја пофалба. Некои кои мислат поинаку и не доаѓаат на овие манифестации, се самите виновни за тоа и нека размислуваат во иднина за своите непринципиелни и несфатливи постапки. Ние секако продолжуваме напред во реализацијата на нашите статутарни и програмски цели.