16/12/2023

„Мобилност Битола“ на новогодишна прослава на „Мобилност Штип“

На 16 декември 2023 година, во ресторанот на „Канал 77“ во Штип, „Мобилност Штип“ ја организираше својата новогодишна прослава, на која беа поканети и членови од другите здружени членки на „Мобилност Македонија“. Битолската делегација на овој настан беше составена од Митко Фидановски, Сотир Јоновски, Кире Ангелковски и Билјана Поповска. Неколкучасовната прослава помина во многу пријатна атмосфера, дополнета со музика, лотарија и опуштено дружење. На манифестацијата беа присутни и претседателот и генералниот секретар на „Мобилност Македонија“. Уште еднаш им честитаме на „Мобилност Штип“ и раководните органи за успешното продолжување на традицијата и соработката.