15/05/2023

Проект „Алтер трип“: Трет партнерски состанок во Солун

На 14 и 15 мај 2023, претседателот прим. д-р Нико Јанков и проектната менаџерка Ивона Јанкова отпатуваа во Солун за третиот и последен технички состанок за проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, кој го организираше вториот партнер – Министерството за внатрешни работи (Сектор Македонија и Тракија) од Грција. Состанокот се одржа во хотелот „Медитеранеан Палас“ во центарот на Солун, каде што следниот ден се одвиваше и втората обука за туристички чинители од двете земји. На состанокот, трите партнери го презентираа досега сработеното, како и активностите што ќе следат до завршувањето на проектот, а се дискутираше и за евентуалните препреки и проблеми при имплементацијата на активностите. Имајќи го предвид фактот што програмата завршува во декември годинава, беше констатирано дека сите активности и обврски ќе бидат реализирани на време. Од обврските и активностите на „Мобилност Битола“, следни за реализација се: учество на втората обука во Солун, организација на 2 инфо-денови надвор од Битола и организација на третата и последна обука во Битола. Активностите продолжуваат.