15/06/2023

„Мобилност Битола“ на 35. Спортски игри на „Мобилност Македонија“

Екипата на Мобилност Битола постигна голем успех на јубилејното 35. издание на Спортските игри на Мобилност Македонија, кое се одржа од 15 до 18 јуни 2023 во Охрид и Струга. Од нашето здружение учествуваа 7 спортисти, и тоа: Лидија Велјановска, Дарко Спировски, Оливера Наковска-Бикова, Златко Биков, Мендо Дивјаковски, Горан Димчевски и Николче Станојовски. Сите обезбедија пласман за следната година, истовремено освојувајќи еден златен и два бронзени медали. По дисциплини, најголемо учество имаше во атлетика, каде учествуваа пет учесници, освојувајќи трето, четврто, шесто, седмо и 18. место. Во стрелаштво учествуваа 4 натпреварувачи во дисциплините воздушна пушка (3) и воздушен пиштол (2), додека во пинг-понг се натпреваруваше само Оливера и освои 4. место. Им честитаме на нашите членови за извонредното залагање и постигнатиот успех и им посакуваме уште поголеми успеси понатаму, а се надеваме дека ќе инспирираат да се зголеми и бројот на учесници. Честитки!