23/06/2023

УО во Ресен

На 23 јуни 2023 година, во канцеларијата и клупските простории во Ресен, се одржа седница на УО на „Мобилност Битола“. Во работата учествуваа и членови на Надзорниот одбор – претседателот Димче Христов, членовите на Собранието од Ресен – Гордана и Александар Стојаноски, Весна Трајчевска, како и членот од Ресен - Сотир Чаушевски и менаџерката на проектот „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ – Ивона Јанкова. Оправдано отсутна беше членката на УО од Демир Хисар - Олга Николовска. Оваа седница на УО се одржа во Ресен со цел да се поддржи зголемена активност и користење на просториите, како и збогатување на содржините и активностите што ќе се одржуваат таму. Беа разгледани сите точки од дневниот ред, менаџерката на проектот направи презентација за сработеното во изминатите две години и придобивките кои здружението ги има од работата на проекти, а се разговараше и за следните планирани активности – работилница и претстава. Со плодотворна дискусија, беа донесени одлуки и насоки за спроведување на активностите.