10/01/2024

„Мобилност Битола“ со прослава на Стара Нова година / Василица 2024

На 10.01.2024 година, во ресторанот „Корзо“ во Битола се одржа прослава по повод Стара Нова година / Василица. На настанот присуствуваа 26 членови на „Мобилност Битола“ од Битола и од Ресен. Дружбата помина во пријатна атмосфера, со вкусна храна и опуштени разговори. Традиционално, во Битола и околниот регион, за Василица се врти и мазник со паричка, а оној којшто ќе ја пронајде во своето парче ќе има најмногу среќа во новата година. Најмногу среќа овојпат имаше нашата членка Билјана Поповска, на која ѝ посакуваме среќна и успешна година, исполнета со здравје, љубов и среќни мигови!