11/01/2025
По прославата за дочекот на Новата 2025 година, Мобилност Битола на 11 јануари 2025 г. традиционално ја одбележа и Стара Нова Година / Василица, празник кој се практикува повеќе од илјада години во чест на Св. Василиј Велики. Членовите на здружението повторно се собраа во ресторанот „Корзо“ во Битола, каде што во пријатен амбиент уживаа со добро и вкусно мени и најтазе мазничиња, а минатогодишната добитничка на парето, Билјана Поповска, нѐ почести со торта. Од една Билјана кај друга, парето годинава се најде кај поетесата Билјана Тодоровска, на која ѝ посакуваме среќна и бериќетна 2025 година. Инаку, за доброто расположение што траеше до доцна по полноќ, повторно се погрижија членовите на групата „Носталгија“, а посетата беше над 80%. Откако си честитавме, храбрите поиграа и оро, а се надеваме дека убавото расположение ќе продолжи во текот на целата година.