25/03/2025
На 25 март 2025 година, „Мобилност Битола“ го одржа првиот Управен Одбор за 2025 година. На седницата се сумираа активностите во периодот од декември 2024 до март 2025, како и подготовките за претстојното Собрание на здружението. Во присуство на сите членови на Управниот и Надзорниот Одбор, со конструктивна стратегија беа донесени оперативни одлуки за идни активности, а се финализираа и сите подготовки и потребни детали за оперативно делување во понатамошниот период. Како важна ставка беше проектот за мапирање и инклузија на лицата со инвалидност и пристапност во образованието, културата и туризмот – микро и мали претпријатија и урбана средина, како и пристапност и безбедност во сообраќајот. Очекуваме максимална соработка од локалната самоуправа и од „Мобилност Македонија“. Сите насоки и материјали беа одредени и насочени на усвојување на претстојното Собрание кое е закажано за 30 март 2025 година. Активностите продолжуваат.