29/03/2025

Распределба на ортопедски помагала од помошта од Америка

Во текот на речиси целиот месец март 2025 година се врши договарање и испорака на ортопедските помагала кои Сојузот ги распредели од помошта на „Црквата на Исус Христос и светците од подоцнежните дни“ од Америка. Речиси сите кои беа запишани пред три години, го остварија своето право и пратија фотографии со помагалата, а останатите се очекува да пратат дополнително. Инаку, во оваа транша „Мобилност Битола“ доби 7 колички (1 теренска, 5 стандардни и 1 активна), потоа 2 пара подлактни и 2 пара подпазувни патерици. Благодарни сме на донаторот за нивната хумана мисија и им посакуваме и понатаму да ја извршуваат оваа хуманитарна дејност.