30/03/2025
На 30 март 2025 година, во просториите на ресторанот „Корзо“ во Битола, со почеток во 11 часот, се одржа седница на Собранието на „Мобилност Битола“, на која присуствуваа 23 од вкупно 27 членови. Во пријатна атмосфера и конструктивна дискусија беа разгледани и одобрени досегашните, но и идни активности на „Мобилност Битола“. Беа одобрени насоките на активностите со кои треба да се зајакнат и целно да се поддржат. Во дискусиите преовлада мислење дека треба да се даде поддршка на сите идеи кои може да се реализираат, особено проекти за кои имаше посебна дискусија. Генерално се потврдија насоките на делување на „Мобилност Битола“ и реализацијата на плановите за во иднина. Очекуваме позитивно активирање на членството во реализацијата на сите идни активности.