27/12/2011
На 27.12.2011 година членовите на МОБИЛНОСТ БИТОЛА со присуство на членови од Ресен и Демир Хисар ја одбележаа новогодишната прослава. И овој пат истата се одржа во просториите на нашите проверени пријатели и поддржувачи „Бе-Ни Фонтана“. Беа присутни повеќе од 70 членови на Здружението, меѓу кои и други гости. Во ведра и весела атмосфера за која се погрижија членови на КУД Феникс, особено Соте и Диме во придружба на прилепчаните Стевче и Влатко, имавме моменти кои ќе останат како спомен на нашите дружења.
Со одлука на УО на МОБИЛНОСТ БИТОЛА веќе две-три години одбележувањето на вакви манифестации е со самофинансирање, а здружението покрива други трошоци. Ваквата заложба се покажа како исправна бидејќи бројката на заинтересирани од година во година се зголемува. Тоа значи дека не е сè во паричните средства, туку во менталитетот на луѓето. На овој начин на дружење се покажува дека сите предизвици кои доаѓаат во нашето опстојување полесно ќе ги пребродиме.
Како и изминатите години во почетокот на годината, односно на 10.01.2012, во истите простории беше одржана прослава на таканаречената Стара нова година или народски - Василица. И овај пат беа присутни повеќе од триесет членови кои со песни и игри ја испратија старата година. Се надеваме дека ентузијазмот и доброто расположение ќе ни помогнат во идните предизвици кои ги носи времето.