28/05/2011

Можностите за вработување на лицата со телесен инвалидитет во јавната администрација

Во просториите на хотелот Македонија во Делчево беше одржана тематска работилница во заедничка организација на МОБИЛНОСТ кочани и МОБИЛНОСТ Битола. за истата беше добиено позитивно мислење од УО на сите здруженија од Р.Македонија, релевантни струшни служби од општините, градоначалникот на Делчево, гости од соседна Бугарија и други. Беа изработени плакат и леток со информативен материјал и беа поканети соодветни стручни лица и медиајтори за одвивање и разработка на темите, а тие беа МОЖНОСТИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА и ПРОГРАМА ЗА ПРЕКУГРАНИЧНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ Р.МАКЕДОНИЈА И Р.БУГАРИЈА. IPA-CROSS BORDER PROGRAMME. Работилницата започна во 11:30 часот со поздравен говор на претседателот на МОБИЛНОСТ Кочани Г-дин. Горан Војновски и градиначалникот на Делчево Г-дин. Горан Малешевски. Координатор на работилницата беше Г-дин. Ефтимие Атанасовски од Кочани а медијатор Прим. Д-р Нико јанков од Битола. Стручен тим за првата тема беше Проф. Д-р. Стеван Алексоски, Декан на Правен Факултет при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, Доц. Д-р. Војо Беловски, Професор по Трудово право и Јавна Администрација при Правен Факултет во Кочани, Г-дин. Митко Фидановски, советник во Апелционен Суд во Битола и дипломиран правник, секретар во МОБИЛНОСТ Битола и Г-дин. Бранимир Јовановски претседател на МОБИЛНОСТ Македонија. При разработка детално беше опишан член 27 од Конвенцијта на ОН за правата на лицата со инвалидност и нашата регулатива. Разгледани беа и можностите и условите и беа прифатени цели и зклучоци. За втората тема се приклучи и , Тони Стојменов, советник на градоначалникот на Делчево и Драган Петров од ЛЕР од Кочани. После изнесување на материјата во богатата дискусија учествуваа и гостите од Р.Бугарија Лазар Чавков, заменик градоначалник на Рила, бангел Аврамов, директор на национален парк Рилски Манастир, Ѓорѓи Буцев, претседател и Марин Гиздов заменик претседател на лицата со инвалидитет од Дупница, Р. Бугарија и Росица Ангелова претседател на лицата со инвалидитет од Благоевград, Р. Бугарија. Во многу добрата организација со плодотворни дискусии се донесоа заклучоци за потпишување на меморандум за соработка со соседните организации од Р.Бугарија за работа на проекти. Присуството на 108 учесници ја направи оваа работилница многу значаен почеток за идна соработка.