23/07/2011

Традиционана манастирска средба во Село Болно

Околу 40 членови на МОБИЛНОСТ БИТОЛА со организиран превоз  ја одржаа традиционалната манастирска средба во убаво и тивко време.
Во 8 часот се тргна со автобус на БОБИ ТУРС од Битола , членовите од Демир Хисар дојдоа во Битола а од Ресен се качија на автобуската станица во Ресен.
Во манастирот бевме пречекани од љубезните домаќинки со локум и вода . Со пријатна атмосфера и дружење со музика и песна од Сот, Диме и Дафо се почастивме со вкусно припремениот ручек. После тоа повторно музика и песна, кафе и враќање во попладневните часови.
Се на се една возбудива песна и екскурзија со мигови што ќе се паметат .