23/11/2012
Деновиве, поточно од 23-25 ноември, членовите на МОБИЛНОСТ Битола зедоа активно учество на манифестации кои се одвиваа на 23-ти и 24-ти ноември. Со одлуките на УО на МОБИЛНОСТ Македонија за поголема практичност и помасовна посетеност, три манифестации се споија во еден термин. Но, да одиме според редоследот. Музичката екипа отиде заедно со квизаџиите, односно Томе, Соте, Диме и Мите од музичкиот дел, а натпреварувачи во квизот беа Васко, Дафо и Билјана. Во сабота им се придружија и Фанче со Наташа. Квизаџиите успеаја да се пласираат само до полуфинале, додека музичарите традиционално се враќаат со награда, односно Томче и Диме овој пат освоија втора награда. Инаку оваа година, музичките средби имаа меѓународен карактер, бидејќи присуствуваа и гости од соседна Бугарија.
Тандемот Фанче и Наташа имаа забележителен успех на Тортијадата, а тортата наречена „Љубов“ беше најсликана од сите. Инаку, екипите беа зајакнати со присуството на Тацка, Оливера и Нико. Битолчани и овој пат покажаа иницијатива и беа најзабележителни во забавниот дел. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи и во иднина.