02/12/2012
На 02.12.2012 година беше одржана седница на Управниот Одбор на МОБИЛНОСТ Битола, на која се дискутираше за конкурирање со нов проект преку ИПА програмата. Нашиот координатор проф. Игор Неделковски е оптимист. И ние го делиме овој негов оптимизам после неколкуте сознанија за добро сработениот проект за Ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност. Беше добро примена информацијата од претседателот за работилницата организирана од Министерството за здравство и активно учество на Меѓународната Конференција во Сански Мост, БиХ.
Се испланираа следните активности и одлуки, посебно за одржување на Новогодишната прослава, како и за Валилица. Истата ќе се одржи на 29.12 во вообичаеното место, ресторанот БЕНИ – Котле, кои се традиционално наши верни и проверени пријатели, а се донесе решение да бидат поканети и нашите помагатели и пријатели. За празникот Василица (Стара Нова Година) се планира прослава во приватна режија на 12.01.2013 година, со партиципација од 300 денари, а остатокот го покрива здружението. Се донесе и одлука за изработка на рекламен материјал, а донесени се уште неколку одлуки во пресрет на собранието. Дадени се сугестии за формирање на програмата за следната година.