04/12/2012
На 04.12.2012 година, МОБИЛНОСТ Кочани имаше чест да го организира годинашното чествување на Денот на Мобилност Македонија, воедно и јубилеј. МОБИЛНОСТ Битола традиционално учествува на сите позитивни манифестации, а овој пат се организираше поголема група на членови. Со комбе кое тргна од Битола, патем во Ресен се качија и другите членови од таму. Екипата од Мобилност Битола активно учествуваше во оваа манифестација.
Во весела и свечена атмосфера се родија нови познанства и се разменаа размислувања и проблеми. На нашата членка Оливера Наковска – Бикова градоначалникот на Кочани и подари пригодно признание. Со тоа се потврдува значајното место кое Мобилност Битола го зазема во рамките на Мобилност Македонија. Домаќините од Кочани се погрижија овој настан да остане во сеќавањето на сите присутни. Ваквото возбудливо доживување и дружење се надеваме дека ќе продолжи и понатаму. Нашата соработка исто така продолжува во нагорна линија со работа на проекти.