29/12/2012

Новогодишна забава на МОБИЛНОСТ Битола

На 29-ти декември 2012 година, Мобилност Битола организираше новогодишна забава на која учествуваа повеќе од 60 членови и гости. Овој настан традиционално се одржува повеќе години. Во последните години традиционално се гости – учесници нашите пријатели од Прилеп – Стевче, Влатко, Ѓорe и Миле. Од првиот момент прославата имаше позитивни ефекти врз сите присутни. Претседателот се осврна со кратко резиме на досегашните активности и успеси на МОБИЛНОСТ Битола, како и плановите за иднина. Од особен интерес беше сознанието за продолжување на активностите во смисла на Имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност. МОБИЛНОСТ Битола повторно аплицира, овој пат преку ИПА програмите со која се надева, ако го добие овој проект, да придонесе за поквалитетна имплементација на Конвенцијата.
Ова сознание беше поздравено со бурен аплауз од присутните. Се надеваме дека Новата 2013 ќе биде подобра од претходната. Ќе се продолжи со заложбата за реализација на статутарните и програмски цели на МОБИЛНОСТ Македонија и МОБИЛНОСТ Битола, а во прв ред заложбите ќе бидат за имплементација на Конвенцијата. На оваа наша средба се присутни повеќе наши пријатели кои традиционално помагаат при остварување на нашите цели. Пријателите од Прилеп ова го покажаа и докажаа на повеќе наши средби. Нашето дружење и соработка продолжува. Ќе се продлабочат досегашните активности и отворат нови видици во нашето дружење. Дружењето на оваа прослава продолжи до доцните часови со многу добра музика и весело и добро расположение. На крајот сите задоволни и среќни се разделивме со мисла дека Новата 2013 година ќе ни донесе на сите подобри услови за живот и благосостојба. Довидување до 12.01.2013 кога се планира да се прослави Старата Нова Година, односно Василица.