31/12/2012

Среќна Нова година

Дали во овие два збора има нешто необично? На прв поглед не, но во колективната меморија да. Светот постои отсекогаш, но мерењето на времето е од пред неколку илјади години. Во просторот на Месопотамија неколку напредни цивилизации го практикувале со точност која и ден денес воодушевува. Од тогаш, секој 31-ви декември завршува старата и започнува новата година. Сегашното броење на времето датира од 3-4 век од новата ера и со практикувањето на стар и нов календар (грегоријански и јулијански) започна да се поврзува со Христовото раѓање (Божиќ), а таканаречен извршител стана Дедо Мраз кој е олицетворение на познатиот добродетел од 3-4 век од нашата ера – Св.  Никола, кој подоцна стана светец. Практично од крајот на 18-ти, односно почетокот на 19-ти век се вообличи идејата дека Дедо Мраз е Св. Никола, но вистинските вредности ги добива во 20-тиот век.
Дедо Мраз е посебен затоа што им носи подароци на децата и на лицата со пречки или по нашки, со инвалидност и  кажува/лобира кај другите. Но, Дедо Мраз не може да ги види и чуе сите кои имаат потреба. Затоа е неопходно да ДЕЛУВАМЕ ЗАЕДНО. Да ги групираме нашите потреби, стремежи и желби кои ќе дојдат до оние кои одлучуваат и ако не многу, малку по малку ќе осознаваат за опкружувањето. А ние, тие кои сакаме да се исполнуваат нашите потреби, стремежи и желби, само организирано и заедно ќе стигнеме до заедничката цел – остварување на сите права кои ги содржи Конвенцијата на ОН за лицата со инвалидност. Ако Дедо Мраз ги има своите виленици и џуџиња, летечката санка која ја влечат ирваси, ние си имаме организации кои се грижат и делуваат нашите мисии да се групираат и упатат на вистинското место. Со овие зборови им ја честитаме Новата 2013 година на сите граѓани, лица со инвалидност, нашите пријатели и помагатели. Да се остварат барем малку нашите соништа со верба, надеж и љубов.