01/02/2012

Следни активности

На 10.02.2012 година се планира да се одржи седница на УО на Мобилност Битола. На истата треба да се донесат значајни заклучоци и одлуки, треба да се усвојат - извештајот, програата, финансискиот извештај и план за 2011 односно 2012 година. Како и :

Начелни одлуки за одмор и рекреација во Охрид и банји во Банја Банско и распишување на конкурс за истите.

- Формирање на спортска екипа .

- Одлуки за Јубилеј 25 години и дефиле низ Широк Сокак.

- Прифаќање на тематска средба и друго.

Собранието се планира за 18.02.2012 година. На истото се очекува да бидат прифатени сугестиите и смерниците за работа во тековната 2012 година.