18/02/2012
Одржана седница на Управниот и Надзорниот одбор на Мобилност Битола во просториите на здружението.
Донесени се значајни насоки за идното работење. како позначајно што треба да се спомене е успешното заокружување на активностите во прсрет на јубилејот 25 години постоење на Мобилност Битола.
Во склоп на јубилејот с одлучи да се одржи традиционалното дефиле, тематска средба и литературна средба во Демир Хисар. Исто така да се изработи рекламен материјал - ДВД, летоци и плакати за сите настани.
Се разглдаа сите документи потребни за собранието, вклучувајќи го и извештајот од надзорниот одбор, и се предложија за усвојување.
Во текот на изминатата година зголемен е вкупниот број на регистрирани членови, ранспарентно се користени бенефициите преку сојузот и здружението, особено упатувањето на бањско лекување, единствени од сите здруженија со сопствени средства, како и сите други активности преземени од сојузот и другите здруженија.
Покажаните резултати од претставниците во раководните органи и тимот за проекти како и други поединци е тренд кој треба да продолжи.
Се повтори императивот на изнајдување на можности за освежување на спортската екипа.