25/02/2012
Одржана седница на Собранието на Мобилност Битола. истата се одржа во просториите на ресторанот БЕ-НИ. Присутни беа сите делгати освен тројца кои беа оправдано отсутни.
После воведот и утврдување на дневниот ред со богата и продуктивна дискусија се узвоија извештајот за работа, финансискиот извештај и завршната сметка. После тоа с разгледатт програмата и финансискиот план за 2012 година. Особено беше дискутирано околу дизајнот на веб страната за која се кажа дека од сите здруженија е практично единствена и ги има сите квалитети. исто така се дискутираше и околу припрема и изведувањ на проекти. Дискусија околу партиципацијата на останатите општини во регионот. Набавки на спортски реквизити, заеднички став за инвалидска пензија и туѓата нега, дфинирање на ставот за бањското лекување.
Се на се една успешна седница на која се валоризираат резултатите од минатото, сегашноста и иднината.
После завршувањето на седницата продолжи дружењето со заеднички ручек.