06/03/2012

Прослава на 8ми Март во МОБИЛНОСТ БИТОЛА

Како и во изминатите, така и во оваа година поголемиот дел од членовите на МОБИЛНОСТ БИТОЛА организираа прослава по повод Денот на жената, 8 Март. Околу дваесетина членови, од кои повеќето жени, го прославија празникот во ресторанот „Котле“. Во пријатна и опуштена атмосфера, забавата беше проследена со музика од хармониката на Соте. И годинава членовите се дружеа и забавуваа самоиницијативно и на свој трошок. Ваквиот начин на дружење кој се практикува повеќе години и сега се докажа како правилен и ќе се применува и во иднина. Присутните членови се мошне задоволни од овој начин на прославување и нивниот број од година во година се зголемува.