24/05/2012

Посета на хидроелектраната Глобочица

На 24.05.2012 година, членовите на МОБИЛНОСТ БИТОЛА ја посетија хидроелектраната Глобочица која се наоѓа во сливот на реката Црни Дрим. Добивајќи го проектот од ЕЛЕМ, ова е реализација на првиот дел од него. Со автобус од „Боби турс“ околу педесет членови од здружението (Битола, Ресен и Демир Хисар) со водич дипл. ел. инж. Јован Јанков имаа пријатни моменти во текот на целодневниот илзет. Тргнувањето беше во 8 часот наутро од Битола каде се приклучија членовите од  Демир Хисар. Патем се придружија и членовите од Ресен. За време на патувањето членовите беа запознати со значењето на ЕЛЕМ и неговата функција во државата. После пристигнувањето од присутните во хидроелектраната, одговорниот раководител Злате им ги објасни на лице место сите детали околу производството на електрична енергија во електраната. После тоа беа поделени ланч-пакети и безалкохолен пијалок во пријатна атмосфера во околината на хидроелектраната. Потоа следуваше враќање во Битола  во попладневните часови.