11/01/2013
И овој пат Стара Нова година помина во традициите кои траат и оние кои се започнуваат. Членовите од МОБИЛНОСТ од Битола и Ресен ги направија на најдобар начин. Прво во Битола на 11-ти јануари, во просториите на Котле кај Кубурот, во позната атмосфера заедно со пријателите, триесетина членови на МОБИЛНОСТ од Битола ја прославија Православната Нова година. Вообичаеното „вртење“ на мазникот помина со индивидуални мазничиња, а добитник беше Бојче на Олгица Огненовска. Веселото расположение со вицеви и смеење продолжи во следните неколку часа.
Годинава, членовите од Ресен кои вообичаено доаѓаа во Битола, овој пат прославија во просториите на клубот во Ресен. Нивната атмосфера од почеток беше романтична и со свеќи. Во секој случај, започна една нова традиција за која се надеваме дека ќе продолжи. Ја користиме оваа прилика да им посакаме здравје и среќа на сите наши членови и пријатели, како и на сите добронамерници во Новата и стара 2013 година!