06/10/2013
На 5-ти октомври во ресторанот „Бени Фонтана“ во с. Бистрица во близина на Битола се одржа тематска работилница за мултипла склероза со мултидисциплинарен пристап на која учествуваа 75 партиципиенти и 10 предавачи. Истата беше организирана од МОБИЛНОСТ Битола и поддржана од МОБИЛНОСТ Македонија, Оштина Битола, „Славеј АД“ од Скопје, „Медикус Хелп“ – Скопје, „Плива“- Скопје.
После поздравните говори од претставник на општината, претседателот на Мобилност Македонија г-н Бранимир Јовановски, претседателот на МНД – Битола проф. д-р Игор Неделковски и присутни гости од Сојузот на глуви, сите здруженија на Мобилност од другите градови на Македонија и од прим. д-р Нико Јанков, претседател на Мобилност Битола. На самиот почеток беше претставен и стучниот тим составен од д-р Ана Донева, невролог во градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, д-р Соња Трпезановска, физијатар во Клиничка болница Битола, проф. д-р Веселин Талевски од ВМШ во Битола, доц. д-р Сашо Кочанковски, Клиничка болница Битола и Факултет за психологија при Славјанскиот Универзитет во Битола и м-р Слободанка Здравковска, раководител на сектор во Министерството за труд и социјална политика.
Откако сите предавачи завршија со своите презентации, следеше богата и плодотворна дискусија на која беа потврдени и дополнети предлог заклучоците на организаторот. Општата оценка на сите присутни беше дека работилницата е одлично организирана, излагањата беа на врвно ниво и со еден збор го оправдаа своето изведување. Се заклучи дека секаков вид на комуникација е добредојден и треба да послужи како пример.
Претседателот на Астерион Галери, Ромео Ацевски ја искористи оваа можност да додели благодарница на Мобилност Битола за учеството на првата Балканска колонија на ракотворци, која се одржа во месец август во Битола и на која учествуваа членови од Мобилност Битола.
Непосредно пред почетокот на работилницата, претседателот на Мобилност Битола прим. д-р Нико Јанков и претседателот на Мобилност Македонија и НКТ г-т Бранимир Јовановски дадоа изјава за локалните телевизии Тера и Орбис. Тв Орбис снимаше подолго време и долови дел од излагањата на предавачите, а договорени се и емисии за оваа проблематика за утринските програми и Медикус на Тв Орбис.