14/11/2013

Седница на УО на МОБИЛНОСТ Битола

На 14-ти ноември 2013 година, во просториите на здружението беше одржана седница на УО и НО на Мобилност Битола, на која беше заокружена активноста во изминатиот период. По усвојувањето на дневниот ред и записникот од претходната седница, претседателот хронолошки ги извести членовите на УО и НО за богатата палета на активности.
Од последната седница, членовите на Мобилност Битола учествуваа и реализираа повеќе активности како што се Спортските игри на Сојузот, Дефилето на Широк сокак, две работилници за подигање на капацитетот, излет во Смилево, тематска работилница, три средби на покана, соработка и донација со Радовиш (две средби), квиз, тортијада и музички средби во Струмица, како и други активности од делокругот на работа.
За во иднина донесени се одлуки за распределба на лекови и помагала (партиципација), предновогодишни активности (организирање на новогодишна забава на минатогодишно ниво), активности околу Меѓународниот ден на лицата со инвалидност и Денот на лицата со телесна инвалидност на Македонија, како и активностите на средби за кои ќе има покана и свечености по повод Нова Година.
                УО и НО беа информирани за состојбата на сметката и нејзината стабилност. УО и НО ја поздравија и одобрија досегашната активност и наменските неопходни трошоци. Беше поздравена и охрабрена работата на групата со проекти, особено Кочо Настевски, кои неуморно работат на пронаоѓање нови правци во оваа активност. Беа поздравени и добрите практики на изминатата активност, особено Дефилето и тематската средба. Сите нови информации и активности можат да се следат на официјалната фан страница на Фејсбук, како и на интернет страната на Мобилност Битола.