03/12/2013

Одбележан светскиот ден на лицата со инвалидност

     Со разни свечености се одбележа 3-ти декември, Светскиот ден на лицата со инвалидност. МОБИЛНОСТ Битола заедно со другите инвалидски здруженија активно се вклучи во прославата на овој ден. Во просториите на Социјално-хуманитарните организации се одржаа пригодни спортски натпревари и забавна програма, а сето тоа беше проследено од медиумите кои ја пренесоа оваа информација заедно со изјавите дадени од претствници на здружението. Потоа, во рамките на манифестациите организирани од Општина Битола предводени од градоначалникот д-р Владимир Талески, се придружи поголем број членови од Мобилност Битола при што сите активности беа искористени за медиумско претставување. Градоначалникот ја поздрави нашата активност и искажа поддршка за понатамошна соработка.

 

Во попладневните часови претседателот прим. д-р Нико Јанков и секретарот г-дин Митко Фидановски во својство на член на НКТ и претседател на СХО Битола, имаа едночасовно телевизиско обраќање во емисијата „Пелагонија на дланка“, која беше пренесувана во живо на телевизија „Орбис“. Тема на разговор беа правата на лицата со инвалидност, како и имплементацијата на Конвенцијата на ОН. Д-р Јанков истана дека во својата национална стратегија до 2018 година, НКТ има зацртано реални правци за развојот на остварувањето на правата. Од страна на г-дин Фидановски беа доловени повеќе практични примери со што сметаме дека оваа емисија која успешно ја водеше новинарката Дивна Грданова-Караџовска, го погоди вистинскиот момент.

Куриозитет во оваа емисија беше тоа што целиот разговор беше толкуван од страна на г-ѓа Катерина Шарковска, која овозможи програмата да ја следат и лицата со пречки во слухот. Телевизија „Орбис“ има намера да го зголеми опусот на вакви емисии, а ние ѝ се заблагодаруваме на г-ѓата Шарковска за нејзината соработка.

Во меѓувреме, на 2-ри декември, екипа од Мобилност во Скопје учествуваше во изложбата од колонијата во Охрид, а на 4-ти декември проширена екипа учествуваше и во централната прослава на Денот на лицата со инвалидност на Македонија, која се одржа во ресторанот „Ваго“ во Штип.