24/12/2013
Како и изминатите години, за членовите на нашето здружение и оваа година се организираше новогодишна забава, која после консултации и подготовки се одржа на 26-ти декември 2013 година во просториите на хотел - ресторанот „Капри“. Беа присутни околу шеесетина членови и гости. Во многу добра атмосфера членовите на Мобилност Битола се забавуваа до доцна во ноќта. Покрај одличната организација во хотелот и добрата храна, ја поздравуваме љубезноста на персоналот во „Капри“, музичките нумери на Ице и Марија, на кои им асистираа нашите членови Сотир, Диме, Томче, Митко и други, со што се збогати и самиот настан.
Треба да се забележи дека како и минатите години, нашите членови од Ресен и Демир Хисар сè помасовно доаѓаат на нашите прослави, и покрај тоа што организираат и свои прослави во истурените канцеларии. Како и порано, така и овој пат беа присутни гостите од Прилеп - Стевче и Ѓоре, како и Сашо. За жал останатите поканети на кои им се заблагодаруваме за сета досегашна соработка, не беа во можност да дојдат, но ние ги очекуваме на нашите понатамошни настани.
Сè на сè, еден богат и исклучителен настан со весело дружење, песни, игри, за кои сведочат и бројните фотографии кои ќе кажат повеќе од пишаниот збор.