06/02/2013

Работилница поддржана од USAID

На 06.02.2013 година, со почеток од 9.30 часот во просториите на Хотел „Епинал“ во Битола, делегација на МОБИЛНОСТ Битола составена од Фанче Ѓоргиевска, Димче Христов и Виолета Настевска, зеде учество во работилницата организирана од Центарот за развој на Пелагонискио плански регион и Преда плус, со поддршка на УСАИД. Оваа работилница е дел од проектот чија цел е развивање на јавно-приватен и регионален дијалог и партнерство со поддршка. Иако целта е подигање на капацитетот на мали бизниси, искуствата се драгоцени, а познанствата значајни за поддршка и разбирање на нашата проблематика. Со други зборови, ваквите настани се и тоа како значајни во градењето на имиџот на нашето здружение и запознавање на што поголем број на луѓе, можеби идни големи бизнисмени. На работилницата како модератори се појавија личности од државните органи, стопанската комора, банки и др. Значајно е тоа што се расправаше и за ИПА/ИПАРД програми за прекугранична соработка. Размената и слушањето на нашите и идеите на другите е толку значајно што нашето здружение во програмата предвиде проширување и ангажмани на повеќе членови и помагачи за изработка и реализација на проекти. Активностите продолжуваат.
Идни активности
МОБИЛНОСТ Битола во следните денови ќе одржи седница на Управниот Одбор. Овие два состанока се планирани да се одржат на 18-ти февруари во просториите на здружението. На истите ќе се сумираат резултатите и постигнатото од минатата година и ќе се даде предлог на собранието да ги......
Собранието е предвидено да се одржи на 24-ти февруари, а се предвидува да се потврдат генералните насоки кои ги презема раководниот тим, како и да се одобрат новите идеи и ангажмани, особено на програмите за работа на проекти кои ќе добијат главен приоритет. Исто така се очекува да се одобрат активностите околу одморот и рекреацијата во организација на МОБИЛНОСТ Македонија, спортските игри и други значајни активности.