24/02/2013
На 24.02.2013 година со почеток од 11 часот во ресторанот „Корзо“ се одржа редовното годишно Собрание на Мобилност Битола, на кое присуствуваа и учествуваа 24 делегати, додека 3 беа оправдано отсутни. На Собранието се расправаше за преземените активности и резултати од работата во 2012 година. Исто така се проследија и препораките на Управниот и Надзорниот Одбор. Надзорниот одбор во два наврати ја прегледа сета документација на Мобилност Битола. Нивната препорака до УО и Собранието беше дека работењето е во законските норми и домаќинско. Во разгледувањето на материјалите на седницата имаше богата и плодотворна дискусија од повеќе членови на Собранието. Сите дискусии беа умесни и плодотворни во фукнција на збогатување на активноста и што поделотворна евалвација во пракса.
Се потврдија насоките кои ги спроведуваше раководниот тим, особено оние кои ја преферираат работата на проекти. Беа дадени одредени сугестии за приоритети кои беа опфатени и инкорпорирани во програмата. Со еден збор добро организирана и изведена седница со респектибилни заклучоци. Во мирна и работна атмосфера, околу 13.30 часот заврши работниот дел и членовите останаа на ручек.
Следните активности се: координација за прослава на 8-ми Март (Денот на жената), одмори, состав на спортска екипа и подготовки за традиционалните средби, дефиле и заеднички настап..