08/03/2013

Осмомартовска прослава во Мобилност Битола

Како и сите други, така и оваа година се дискутираше за дружење со повод, а Тој повод е меѓународниот Ден на жената – 8-ми Март. Во изминатите години од целосна организација и финансиска поддршка постепено логистиката ја сведи на организација, а финансирањето во последните три години е целосно самофинансирачко. Се разбира дека некои жалат за минатите времиња, но праксата покажа дека поважно е дружењето и добриот провод.
                Така и годинава, на познатата дестинација – ресторанот „Котле“ кај Кубурот, Бени и Николче, беше организирано дружење. Домаќините вообичаено понудија квалитет, луѓето релаксирани и задоволни. Бројот на гости постепено се зголемуваше и веќе стигна до четириесет. Со жива музика и Соте на хармоника, се направи многу добра атмосфера на смеа, вицеви и релаксираност. Членовите од Ресен, иако се “закануваа“ дека ќе прослават во просториите на здружението, сепак дојдоа. Нашите размислувања се дека формите покажаа прогрес, финансиски се пристапни, нашите пријатели и сега покажаа благодарност кон лицата со инвалидност, со што се зголеми пријатното чувство дека надежта секогаш треба да биде присутна, а резултатите ќе си дојдат сами по себе. Доброто расположение траеше до полноќ, кога задоволни и духовно релаксирани се ветивме дека ќе ја користиме секоја можност како повод за дружење со што поголем број на наши членови. Во оваа прилика Мобилност Битола и Мобилност Македонија им го честита меѓународниот Ден на жената - 8-ми Март на сите припаднички на понежниот пол.  Нашите активности продолжуваат и понатаму.