29/03/2013

Информативен семинар на ТАКСО

На 29.03.2013 година во Струга беше организиран информативен семинар од македонската канцеларија на ТАКСО во изведба на Конект и финансиран од Европската Унија. На истиот учествуваше делегација од МОБИЛНОСТ Битола составена од Нико Јанков, Фанче Георгиевска, Сотир Јоновски од Битола и Кочо Настевски од Ресен. Темата беше „Соработка и мобилизирање на ресурси од бизнис секторот“, постапка за реализирање на даночни ослободувања при донирање или спонзорирање. Семинарот беше организиран во два дела, претпладне и попладне со пауза за ручек. Го отвори и претстави претставникот за ТАКСО - Сунчица Саздовска, а успешно го водеше извршниот директор на Конект – Никица Кусиникова. Беа претставени целите на семинарот и идентификација на почетни прашања со дискусија.
            Потоа се пристапи кон значењето на прибирање на средства, потенцијалот за мобилизирање на ресурси и состојбата на корпоративната филантропија. Претставниците од нашата екипа активно учествуваа во дискусијата. По паузата се разговараше за искуствата на македонските граѓански  организации во прибирањето на средства од бизнис секторот, нивната перцепција за ГО, клучните елементи за успешното прибирање на средства и одговори низ дискусија на конкретни прашања поврзани со мобилизирањето на ресурси. Беше разгледан и законот за донации и спонзорства, како и дел од анкетата за спроведување на истиот од 2007 до 2011 година.
Во завршните забелешки нашиот тим имаше забележителни дискусии. Нашата перцепција е дека и досегашниот пристап кон оваа проблематика беше правилен, а овој тип на семинар само ќе ги збогатува нашите знаења и преземање правилни чекори кон добивање на ресурси со кои би ја олесниле реализацијата на програмските и статутарни цели преку проекти.