26/04/2013
На 26.04.2013 година со почеток од 17 часот во просториите на Здружението се одржа седница на Мобилност Битола, на која беа присутни сите членови на УО, претседателот на НО и претседателот на Комисијата за распоредување за одмор во апартманите во Охрид, во целосна организација на МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА. Според дневниот ред, после утврдувањето и првичната дискусија, записникот од претходната седница беше прифатен без измени и дополнувања. Во извештајот меѓу две седници, претседателот ги запозна присутните со најзначајните активности од кои особено е важно присуството и активниот ангажман во работилници.
После усвојувањето на оваа точка, беше ислушан извештајот на претседателот на Комисијата за одмори и резултатите беа целосно без измени и дополнувања. Во точката за донесување одлуки се разгледаа пропозициите за спортските игри и се донесе одлука за организирање на квалификациони натпревари со записник и резултати, кој ќе биде приложен кон пријавата.
Потоа се потврди и традиционалната пракса за одржување на Дефиле на Широк сокак, овој пат за засилена имплементација на Конвенцијата за правата на лица со инвалидност во соработка со локалната самоуправа. За овој настан ќе се изработи плакат и леток, а ќе бидат поканети и нашите традиционални пријатели. Исто така беше донесена одлука нашето здружение да пријави одржување на тематска работилница, овој пат со мултидисциплинарен пристап за склероза мултиплекс во соработка со Клиниката за неврологија при Медицинскиот Факултет од Скопје, одделот за неврологија при Клиничката Болница во Прилеп, одделението за медицина од Македонското Научно Друштво во Битола, професори од ВМШ во Битола, локалната самоуправа на Битола и секако истакнати членови и поединци кои се занимаваат со оваа проблематика, особено од Министерството за транспорт и врски и Министеството за здравство при Владата на РМ.
Предвидено е работилницата да се одржи во месец септември или почетокот на октомври, по консултација со учесниците. Се предвидува материјалите од оваа работилница да бидат појдовна база за испитување на повеќе параметри и научен пристап кон оваа тематика. Се разбира дека стана збор и за организирање на традиционален излет, за кој дополнително ќе се договара за деталите. Нашата делегација ќе присуствува на сите средби на кои ќе биде поканета.