11/05/2013
Делегација на МОБИЛНОСТ Битола составена од Фанче Георгиевска, Соте Јоновски, Виолета Настевска и Лидија Велјановска на 11-ти мај 2013 година учествуваше на прославата за јубилејот 20 години постоење на МОБИЛНОСТ Дебар, на која се одржа и тематска работилница. Мобилност Битола редовно учествува на овие манифестации, овој пат со два члена од УО и два активисти. Самата манифестација се одржа во хотелот „Уранику“ (Венец) и се одвиваше во два дела; досегашниот развој и перспектива на Мобилност Дебар и улогата на раководните структури и досегашните три претседатели, со посебен осврт на поранешниот претседател Буран Бала. Покрај нашата, присутни беа голем број делегации од другите здруженија.
Стручниот дел од работилницата беше резервиран за излагање на д-р Наим Иса, физијатар, кој сеопфатно се осврна на третманот на церебралната парализа и ампутациите во бањскиот комплекс „Цапа“. На покана од претседателот на Мобилност Дебар, присутна беше и делегација од соседна Албанија, која оствари забележителен настап на манифестацијата. Според импресиите и заклучоците на нашите членови кои присуствуваа, настанот беше едно одлично дружење и доживување кое долго ќе остане запаметено.