06/06/2013
Во организација на Мобилност Македонија и НФСРИМ – Параолимписки Комитет, од 6-9 јуни 2013 година беа одржани спортските игри на кои активно учествуваше и спортската екипа на Мобилност Битола. Четирите пласирани директно од минатите игри – Васко, Оливера, Никола и Николче, заедно со Наташа и Горан потполно ги исполнија нашите очекувања постигнувајќи солидни резултати и обезбедија директен пласман за следните игри.
Ова пред сè е резултат кој се доби после солидно изведени подготовки. После повеќе години откако не се повеќе со наспознатите шампиони Фанче, Вергита и Благојче, се врати еланот и замислата за постепено пополнување и подмаладување на екипата, која најважно е дека настапуваше хомогено со меѓусебна бодрење, кое се надеваме дека тоа ќе стане навика.
Организацијата беше на завидно ниво со присуство на меѓународни класификатори, сите настани беа планирано изведени со професионализам на изведувачите и судските поставки. Да се надеваме дека понатамошните игри ќе ни донесат и нови и млади членови кои ќе имаат желба и мотив да се докажат во некоја спортска дисциплина или да сонуваат за дострелот на нашите легенди Бране и Оливера.