15/06/2013

Учество на членови на Мобилност Битола на масовна средба на езерото Треска

На 15-ти јуни 2013 година во организација на Мобилност Македонија се изведе еднодневна излет-средба од масовен карактер на локалитетот езеро Треска во околината на Скопје. Убава замисла која допрва ќе ги покаже своите добри страни. Организирана во убаво време, посетеност со минимум од 15 членови по здружение, нормално најбројни тие од Скопје. Обраќање и пораки со програма која шири позитивна енергија кај присутните. Целиот настан остави впечаток дека пораката е во вистински момент, бидејќи новиот министер за труд и социјална политика уште во првите денови од мандатот изрази подготвеност за соработка со инвалидските организации.
                Со организираниот превоз со автобуси и автомобили, Сојузот ги реализираше заложбите за кои се дискутираше на Управниот Одбор, овој тип на настани да стане традиција и во потполна организација на Сојузот.
                Делегацијата од Мобилност Битола има прекрасни впечатоци од оваа средба. Дружењето и размената на мислења во пријатна атмосфера го дадоа сето она што сите го посакуваме, а тоа е излегување од изолација, слободно изразување на мислењето и градење на ставови од кои сите ќе имаме корист. Посакуваме нашите дружења и понатаму да бидат плодотворни и да одат во насока на масовност и учество на што поголем број на нашите членови кои ги има неколку илјади.