12/01/2014

Прослава на православната Нова Година во Ресен

Членовите на Мобилност Битола од Ресен ја продолжуваат традицијата на дружење во клупските простории. На 13-ти јануари во пријатна атмосфера, поголема група се забавуваше и дружеше по повод православната Нова Година/Василица, а пржените колбаси и мазникот беа дел од традиционалната трпеза. Овој пат паричката се падна кај нашиот член Александар Стојановски, а ние им посакуваме среќна и успешна година.
                Оваа прослава е дел од активностите во Ресен кои одат по нагорна линија. Активистите од таму веќе имаат нови идеи кои допрва ќе се реализираат. Им посакуваме и понатаму да ја користат канцеларијата по разни поводи и повеќе пати во месецот!