23/01/2014

РАЗМИСЛУВАЊЕ ЗА ИДНИОТ МОДЕЛ ЗА ПРОЦЕНА

На 23.01.2014 година  во  организација  на канцеларијата на „UNICEF“ и Министерството за труд и социјална политика беше одржана успешна работилница  за нацрт моделот  при процената за дополнителна образовна, здравствена и социјална подршка на дете. На работилницата присуствуваа повеќе  експерти и активни членови на категоризационите комисии од Битола и Скопје, како и преставници на Министерството за здравство и труд и социјална политика, Здружението на дефектолозите на Македонија и други чинители во овој процес. Беа  презентирани искуствата од работата на стручните тела за процена кои функционираат во  земјите на ЕУ. Наспроти тоа стои долгогодишно искуство и резултати повеќе од 40 години кои се практикуваат во нашата држава со успех во таканаречениот медицински модел. Се бараат патишта и начини на имплементација  на сите позитивни  искуства  преточени  во нашите услови кои за  волја на  вистината  се обременети со постоечката состојба. Се бараа начини многу внимателно да се имплементира  искуство од ЕУ во наши услови без да се уништува комплетната инфраструктура која дава и може и во иднина да дава резултати кои сега со функционалната проценка ќе се   адаптира односно максимално институционално прилагоди на нашите услови  во процес што по безболно постепено трансформирање.
Овие и вакви размислувања беа појдовна точка на која претставниците од  министерствата во соработка со канцеларијата на „UNICEF“ ќе треба постепено да се  изработи и  во разумен рок предложи како законско решение. Инаку во разработката на идеите и начините  кој пат да се фати и кој е најодговорен, нашите размислувања се дека сите се одговорни и секој ќе го сработи својот дел од процената квалитетно, професионално и најодговорно, во вистинско време и  место  се даде вистинска шанса, односно подршка, толку потребна на лицата со инвалидност, односно со посебни потреби или како милувате тоа да го наречеме со термините кои се практикуваат  во меѓународната заедница, а кои ние ќе ги адаптираме постепено влегувајќи во членството на ЕУ. Во секој случај размената на размислувањата  е многу позитивен  чекор, особено усогласувањето со размислувањата од инвалидските здруженија и сојузи кои и те како можат да помогнат во обликувањето на финалните документи.