29/01/2014

Работилница за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со инвалидност

Во хотел „Дрим“ во Струга од 29-31.01.2014 година се одржа успешна работилница во која основен корпус беа човековите права со осврт на нацртот-извештај што Република Македонија го изнесе на истата. Работилницата ја организираа канцеларијата на ОН во Скопје и Министерството за труд и социјална политика во содејство со претставници од министерства, инвалидски организации, НКТ, претставници од правобранителството, дефектолози, параолимписки комитет и други чија дејност е поврзана со оваа проблематика. Модератори беа Силва Пешиќ од канцеларијата на ОН и Слободанка Лазова-Здравковска од МТСП.
                Се покажа голем степен на активност од сите присутни, особено се истакнуваа Бранимир Јовановски од Мобилност Македонија и НКТ, како и Владо од ПОРАКА. Иницијалниот извештај беше разгледуван од четири водечки прашања: 1) Движење со примена на социјален пристап на човековите права; 2) Дали попреченоста е вклучена во сите политики, мерки и програми; 3) Дали попреченоста е вклучена во донесување и спроведување на одлуки што се однесуваат на нив и на спроведување на Конвенцијата; 4) Има ли доволно податоци и статистикиза следење на напредокот.                 После плодотворна работа, во завршницата имаше директен контакт со секретарот на Комитетот на ОН за имплементација на Конвенцијата, г-дин Хорхе Араја, кој повеќе од половина час одговараше на прашањата поставени од присутните. Овој линк од Струга до Њујорк беше плодотворен и даде насоки кон идните активности. Основен пристап на г-дин Араја беше подигање на сите капацитети при имплементацијата на Конвенцијата, како и што понезависен мониторинг на процесот кој и директно ќе биде надгледуван од секретаријатот на ОН за имплементација на Конвенцијата. Тој исто така изрази задоволство од подготвеноста на сите чинители - државни и други кон што поправилен пристап. Работилницата заврши со групно фотографирање на учесниците и со договор за повторна средба