18/10/2014

„Мобилност Битола“ на трибина во Кичево

На 18.10.2014 година, во Кичево беше успешно изведена трибина и едукативна работилница за мултиплата склероза, физијатриски третман, срцеви заболувања и тн. „Мобилност Битола“ учествуваше со засилена екипа. На истата се презентирани сознанија и нови принципи во пристапот кон МС. Нашите членови зедоа активно учество во дискусијата и сметаме дека ваквиот начин, со сите позитивни практики на примена, ќе овозможи нашето членство поподготвено да ги пречекува сите предизвици од состојбите кои го обременуваат начинот на живеење. Посетеноста беше на високо ниво, а домаќините добро ја сработија својата задача.