06/11/2014
На 06.11.2014 година во хотел „Епинал“ во Битола беше организирана и успешно изведена работилница од „Мрежата на млади претприемачи“, чиј проект е поддржан од ЕУ. На работилницата беа презентирани сите можности кои можат да ги користат граѓанските здруженија за зајакнување на нивните капацитети во претприемништвото, како и координираноста на владиниот, бизнис и граѓанскиот сектор преку премостување на бариерите за соработка и креирање на долготрајни врски.
На настанот учествуваа и едни од нашите најактивни членови, Фанче Ѓеоргиевска и Сотир Јоновски (членови на УО) и Лидија Велјановска, активист на „Мобилност Битола“. Се говореше и дискутираше за зајакнувањето и одржливоста на граѓанските организации со формирање на активни национални и меѓународни партнерства за подобро искористување на можностите за финансирање преку размена на искуства и идеи од невладиниот сектор.
Нашата тројка покажа висок степен на кооперативност во работилницата, остварувајќи бројни контакти и размена на искуства. Ваквите работилници се добредојдени и со помош на ЛЕСС можат да реализираат бројни идеи. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи во нагорна линија и ќе резултира со нови плодотворни активности.