09/11/2014

„Мобилност Битола“ на Твининг проектот во Битола

  Како активен субјект во ЛЕСС Битола, повеќе од две години претставниците од „Мобилност Битола“ активно учествуваат во овој проект поддржан од Европската Унија. Овој пат активностите се одржаа во Центарот на Агенцијата за вработување во Битола. Како експерти обучувачи се гостите Аксел Биргер и Јохен Бозел од Германија и Нијоле Мацкевициене и Антанас Пимпе од Литванија. Самиот настан го отвори Јесим Сефуловска од Агенцијата за вработување. Нашите преставници Фанче Ѓеоргиевска и Лидија Велјановска успешно ја преставија „Мобилност Битола“ во дискусии и иницијативи, како во креирање на настаните во идниот период, така и во предлози за активности за ранливите групи каде и спаѓаат лицата со инвалидност.

 

Треба да се спомене дека во развојниот план од ноември се очекува подршка на Центарот за вработување за организирање на саем на трудот со изработка на анализа за потребите на пазарот на трудот со промоција на ЛЕСС во медиумите, во декември обука за подготвеност на работа на лицата со инвалидност за компјутерски јазик, занаети и вештини за вработување, во јануари иницијатива за програма за преквалификација и доквалификација, во февруари состанок на ЛЕСС Битола и обука на работодавачи и обучувачи за работа со ранливи групи и во март саем за промоција на ракотворби на лицата со посебни потреби, посебен ангажман на „Мобилност Битола“ во работата на ЛЕСС. Ваквата активност е за поздравување и ние им даваме најголема подршка.