27/11/2014
На 27 ноември 2014 година, делегација на „Мобилност Битола“ составена од Фанче Ѓеоргиевска, Сотир Јоновски и Лидија Велјановска учествуваше на редовниот состанок на ЛЕСС Битола. Како и порано, во богатата дискусија и контактите со претставниците на локалната самоуправа и УСАИД ЈЕСС мрежата, нашата делегација ги искажа сите заложби на „Мобилност Битола“ за успешно етаблирање и остварување на статутарните и програмски цели.
Исто така, со силна поддршка беше дадена и програмата за остварување на правата на лицата со инвалидност содржани во Конвенцијата на ОН, со посебен акцент за совладување на архитектонските бариери, вработување на лицата со инвалидност и поголемо работење на ЛЕСС во однос на подигање на капацитетите, не само на здруженијата, туку и на менување на гледиштата на останатите кон лицата со инвалидност.
Во остварените контакти со одговорните во локалната самоуправа и УСАИД мрежата беше постигната начелна согласност за поддршка на нашиот проект „И ние сме дел од вас“, кој веќе се проведува во Битола и Ресен, со тенденција да има активности и во Демир Хисар.