02/12/2014

Прослава на Светскиот ден на лицата со инвалидност во Ресен

  Денеска, 2 декември, со почеток од 17 часот во канцеларијата на „Мобилност Битола“ во Ресен се одржа прослава по повод Светскиот ден на лицата со инвалидност. По овој повод, за искажаната поддршка и активност на лица и установи, беа доделени признанија и благодарници. Веднаш при доаѓањето забележливи беа градежните активности за правење и подобрување на пристапот до канцеларијата, како и самата внатрешност на канцеларијата која изгледаше многу поуредено од последната посета, а богатиот аранжман на подготвениот коктел уште повеќе го истакнуваше тоа.

Канцеларијата беше претесна за триесетината присутни меѓу кои и претседателот на Советот на општина Ресен, д-р Менде Пашковски со своите соработници, Неговото Високо Свештенство, владиката Пимен, архиереј на Европската Епархија, повеќе стопанственици и волонтери, како и членови на здружението. Признание беше доделено и за градоначалникот на општина Ресен, м-р Ѓоко Стрезовски, кое го прими д-р Пешковски, благодарници добија д-р Сања Андоновска, инж. Сотир Чаушевски, Благојче Стојановски – Туше, „НЕБИ Комерц – Ресен“, „Маркет Гросер“ од Австралија, како и бизнисменот Пеце Трајановски од Австралија, кое го прими неговиот брат Митко.

Со одличната организација и подготвениот коктел, канцеларијата во Ресен се покажа во најдобро светло и ги заслужува сите пофалби. Посебно се истакнуваа волонтерите.