22/02/2014
На 22.02.2014 година со почеток од 17 часот беше одржана седница на Управниот одбор на Мобилност Битола. Во истиот термин одржа состанок и Надзорниот одбор во присуство на книговодителот и документација за изминатата година. Отворајќи ја седницата претседателот се осврна на успешниот период во кој Мобилност Битола се етаблира во јавноста и институциите на системот. Разгледувањето на периодот меѓу две седници изобилуваше со настани кои се забележани и ќе останат во меморијата. Инаку, во целата 2013 година се случија повеќе настани со кои Мобилност Битола може да се гордее и кои се континуитет на добро разработена тимска работа на повеќе членови од здружението, почнувајќи од членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Следејќи ја нагорната линија на откривање и евидентирање, но и активирање на новите членови се продолжи со праксата на давање шанси сите нови членови да ги излагаат своите мислења и начин на практикување на активностите. Ние ќе им ја понудиме нашата поддршка. Инаку извештајот и финансискиот извештај во темелна дискусија, посебно од Надзорниот одбор, беше усвоен и предложен на оди на Собрание. Со истиот терк беа разгледани и усвоени програмата и финансискиот план. Потоа беа донесени неколку значајни одлуки во тековното работење и надлежности на УО. Особено е значајно што се продолжи курсот на конструктивни одлуки и нивно спроведување во пракса. Одлуката за свикување собрание е за одржување на редовното Собрание на 02.03.2014 година (недела) со почеток од 10 часот. Сите материјали ќе бидат испратени до сите членови на собранието по електронски пат во следните 2-3 дена.