10/07/2014

„МОБИЛНОСТ Битола“ во емисија на ТВ Визија од Прилеп

На 10.07.2014 година, на покана од директорот на ТВ Визија од Прилеп, госпоѓата Бранкица, во попладневната емисија учествуваа претставници од „Мобилност Битола“, и тоа претседателот прим. д-р Нико Јанков и членот на УО, Фанче Ѓеоргиевска. Како повод за ова гостување беше успешно изведеното „Дефиле на Широк сокак“ кое „Мобилност Битола“ успешно го реализираше на 28.06.2014 година и кое беше во целост проследено од екипа на ТВ Визија. После првичните контакти кои се реализираа благодарение на новинарот од ТВ Орбис од Битола, Дивна Грданова – Караџовска, директорката Бранкица нè прими и прошета низ сите простории на оваа телевизиска куќа.

Во студиото со водителката Снежана имавме конструктивни разговори за сите наши активности. Стана збор за организациона структура, активности и соработка со институции, медиуми, особено локална самоуправа и реализација на проекти. Покрај традиционалното Дефиле, беше презентирана и богата палета на активности, други работилници, предавања, излети и настани со повод (Нова година, 8 Март, заеднички настапи со други здруженија, партнерски односи и тн). На располагање имавме богата палета на рекламни материјали од летоци, плакати, списанија и тн. Сметаме дека на овој начин детално ги запознавме нашите соговорници и гледачите кои сме, што правиме, кои ни се плановите и какви активности успешно реализираме во остварувањето на програмските и статутарни цели. Задоволни се разделивме од нашите пријатели со надеж за идна соработка и дружење.