07/08/2014

„Мобилност Битола“ на втората колонија на ракотворци со „Астерион галери“

  Веќе втора година со ред нашиот партнер „Астерион галери“ од Битола организира Балканска колонија на ракотворци во рамките на Битолското културно лето. Се надеваме дека оваа колонија ќе стане традиција и од година во година ќе привлекува сè повеќе активни учесници.

И покрај неповолните временски услови, колонијата успешно се одржа од 7-9 август, а меѓу учесниците имаше повеќе членови од инвалидски организации, вклучувајќи и нашите членови Роза Мојсовска (сликар), Мирко Костовски и Васко Стефановски со резба во дрво и Живко Петроски во бетон. Кате и Гордана со ракотворби и резба во бакар годинава не учествуваа од оправдани причини.

Сепак, манифестацијата ги исполни нашите очекувања и беше посетена од многубројни граѓани и наши членови. Ваквите настани, кои веќе преминуваат во традиција, ќе придонесат за поголема заинтересираност за активно учество и мотивација за идните активности кои ќе ги организира нашето здружение.