27/09/2014
„Мобилност Битола“ со своите членови традиционално учествува на „Преспанскиот Јаболкобер“, а во рамките на овогодишната тридневна манифестација учество зеде нашата членка Гордана Тирицовска – Стојановска, чии ракотворби беа изложени за многубројните посетители на плоштадот во Ресен. Иако активностите се започнати веќе неколку дена, денеска беше скинато првото јаболко со што официјално се означи почетокот на бербата, а локалната самоуправа е директно ангажирана и активно ги поддржува сите активности.
По поздравниот говор на градоначалникот м-р Ѓоко Стрезовски, на плоштадот имаше вистинска фешта, а се посетуваа и сите штандови кадешто се нудеа разни производи. Се враќа производството на сок од јаболка во пристапно пакување и сите потребни механички направи. По состанокот на групата од Битола со нашите членови од Ресен, сите заедно ја посетивме манифестацијата и, секако, штандот на нашата членка Гордана, каде што беше присутно и целото нејзино семејство. Се видовме и поразговаравме со многу познаници, а воедно договоривме и следни активности во огранокот на Ресен.